• понеделник, 23 декември 2024

Сали: Од астма заболени од 80 000 до 100 000, бројката во постојан пораст

Сали: Од астма заболени од 80 000 до 100 000, бројката во постојан пораст
Скопје, 3 мај 2022 (МИА) - Светски ден на астма согласно календарот на Светската здравствена организација (СЗО) годинава се одбележува на 3 Мај и станува збор за сериозно хронично заболување кое достигнува бројка до 300 милиони пациенти во светот од сите возрасни групи, напиша вечерва министерот за здравство Беким Сали на својот Фејсбук профил. Министерот Сали наведува дека бројот на заболени во нашата држава изнесува од 80 илјади до 100 илјади и е во постојан пораст. -Една од нашите примарни цели е подобрување на квалитетот на живот и заштита на здравјето со висококвалитетни и достапни лекови кои овозможуваат подобар исход во лекување на пациентите со астма и хронична белодробна болест, напиша министерот за здравство Сали на Фејсбук. мд/лв/

Тагови

Остани поврзан