Салах прв со „дабл-дабл“ во Премиер лигата
- Еден од најдобрите фудбалерите последните години во Премиер лигата Мохамед Салах од Ливерпул постави нов рекорд
Ливерпул, 1.февруари 2026 (МИА) – Еден од најдобрите фудбалерите последните години во Премиер лигата Мохамед Салах од Ливерпул постави нов рекорд. Тој стана првиот фудбалер кој остварил „дабл-дабл“ (голови и асистенции) против еден ривал од Премиер лигата (Њукасл).
На синоќешниот дуел против Њукасл на кој Ливерпул победи со 4:1, Салах му асистираше на Флоријан Вирц за третиот гол на „црвените“. На тој начин ја запиша 10-та асистенција против Њукасл, а претходно веќе имаше постигнато и 10 голови против истиот тим. мн/
Фото: ЕПА