• понеделник, 08 јули 2024

Саемот на книга ќе се одржи во септември на отворено кај А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга ќе се одржи во септември на отворено кај А1 Арената СЦ „Борис Трајковски“
Скопје, 25 август 2021 (МИА) – Саемот на книга оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена „СЦ Борис Трајковски“. - Искуството од минатата година покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња, велат организаторите на настанот. Годинашното мото на Саемот на книга е „Безбедни саеми“, а настанот е поддржан од Министерството за култура. ки/са/

Остани поврзан