• петок, 20 декември 2024

САД изразија длабока загриженост од влошената хуманитарната ситуација во Нагорно Карабах

САД изразија длабока загриженост од влошената хуманитарната ситуација во Нагорно Карабах

 

Вашингтон, 31 август 2023 (МИА) САД изразија длабока загриженост од влошената хуманитарната ситуација во Нагорно Карабах „предизвикана од продолжителното блокирање на снабдуувачката со храна, лекови и друга стока неопходна за водење достоен живот“. 

Во изјавата од портпаролот на Стејт департментот Метју Милер објавена денеска, се вели дека во текот на изминатите неколку недели САД постојано работеле со страните да се овозможи помошта да стигне до населението на Нагорно Карабах. 

-Го повторуваме нашиот повик за итно отварање на Лачински коридор за хуманитарни, комерцијални и патнички сообраќај. Покрај тоа, официјалните лица од Баку и претставници на Степанакерт треба да се состанат без задршка и да се договорат за начинот на транспорт на животно важните товари за мажите, жените и децата на Нагорно Карабах, вклучитечно алтернативни и маршрути за снабдување, и да се обнови разгледувањето на сите нерешени спорови, се вели во изјавата. 

Милер додава дека „основната хуманитарна помош никогаш не треба да стане заложник на политичките разнгласија“. кб/ 

Остани поврзан