• недела, 22 декември 2024

САД: Војникот Гордон Блек задржан во Владивосток немал дозвола да патува

САД: Војникот Гордон Блек задржан во Владивосток немал дозвола да патува

Вашингтон, 7 мај 2023 (МИА) Подофицерот во армијата на САД Гордон Блек кој вчера беше задржан во Русија немал дозвола за патување во Владивосток, изјавија денеска претставници на армијата.

Од воениот камп Хамфрис во Јужна Кореја тој требал да се врати во базата Форт Кавос во Тексас. Но неместо тоа, преку Кина заминал за Владивосток, Русија.

-Наместо да се врати во континенталиот дел на Соединетите Држави, Блек по лични причини одлетал од Инчхон (Јужна Кореја) преку Кина во Владивосток, (Русија), се вели во соопштението.

Нема информации дека Блек сакал да остане во Русија, кажаа од армијата на САД.

Некои руски медиуми јавуваат дека тој отишол во посета на жена со која имал романтична врска.

Мелоди Џоунс, мајката на војникот, за „Си-би-ес“ потврди дека тој е во Русија во посета на неговата девојка.

Московски суд денесска соопшти дека дека тој е во десетдневен притвор по сомнение за наводно „ситно хулиганство“.  кб/

Остани поврзан