• петок, 22 ноември 2024

САД воведоа забрани за влез во државата на десетици грузиски службеници поради законот против странско влијание

САД воведоа забрани за влез во државата на десетици грузиски службеници поради законот против странско влијание

Вашингтон, 6 јуни 2024 (МИА) - САД соопштија дека им е забранет влез во таа држава на неколку десетици Грузијци поради нивните улоги во донесувањето на законот против странско влијание, што се смета за инспириран од Русија.

Државниот секретар Антони Блинкен минатиот месец објави дека САД ги разгледуваат односите со поранешната советска република и поставуваат нова политика за ограничување на визите како одговор на законот.

Стејт департментот денеска соопшти дека го спроведува законот со забрана за „неколку десетици“ луѓе, вклучително и членови на владејачката партија Грузиски сон, членови на парламентот и органите на редот, како и членовите на нивно потесно семејство.

„Останува нашата надеж дека лидерите на Грузија ќе ги преиспитаат своите постапки и ќе преземат чекори за да продолжат со долго-наведените демократски и евроатлантски аспирации на нивната нација“, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер.

„Но, ако не го сторат тоа, САД се подготвени да преземат дополнителни активности“, предупреди тој.

Тој не ги наведе имињата на лицата, повикувајќи се на американските закони кои ја гарантираат приватноста на визите.

Милер доадде дека меѓу нив имало Грузијци кои ширеле дезинформации, напаѓале мирни демонстранти или го заплашувале граѓанското општество. зш/

Остани поврзан