• петок, 22 ноември 2024

Рустеми во посета на Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија

Рустеми во посета на Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија
Скопје, 9 јуни 2022 (МИА) - Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми е во билатерална посета на Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија со цел за запознавање со нивниот патен сектор и начинот на организација и функционирање на системот на патната инфраструктура. Притоа, како што соопшти претпријатието, Рустеми оствари средба со претседателот на Управниот одбор на Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија (ДАРС) Валентин Хајдињак со кој разменија искуства во врска со изградбата и одржувањето на патиштата. Средбата Рустеми и Хајдињак ја искористиле и како можност за договарање за продлабочување на идната соработка помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта на Република Северна Македонија и Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија. - Позитивните пракси за управување со патиштата, одржување, инвестиции и безбедност во сообраќајот кои ги применува ДАРС ќе најдат примена и во нашата земја, се вели во соопштението. Плодна и продуктивна средба Рустеми остварил и со директорот за управување со патиштата при Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија Урлих Зорин, како и со директорот за одржување на патиштата при Државното претпријатие за автопатишта на Република Словенија Дамијан Јаклин. - Директорот Рустеми оствари средба и со Алеш Жнидарич директор на Институт за градежништво и архитектура на Словенија со кој покрај размената на позитивни искуства разговараа и за нивната ангажираност во вршењето на услуги во реализација на државните проекти, како што се испитување на материјалите кои се вградени, стандардизацијата, вршењето на независна контрола итн. Директорите разговараа за ангажираноста на Институтот во реализацијата на договорот за Bridge management system (BMS) на мостовите во Република Северна Македонија, наведуваат од Јавното претпријатие за државни патишта. Во рамките на дводневната посета директорот на ЈПДП Ејуп Рустеми ќе го посети контролниот центар на ДАРС, а ќе се запознае и со мониторинг системот на DARSGO, односно системот за електронска наплата за патиштата. мс/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан