• петок, 22 ноември 2024

Русковска: Акцијата „Планина“ била пробиена во Грчец, за двете групи ќе се водат посебни случаи

Русковска: Акцијата „Планина“ била пробиена во Грчец, за двете групи ќе се водат посебни случаи
Скопје, 26 март 2021 (МИА) – Речиси една година двајца обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ги следеле двете криминални групи во полициската акција „Планина“, чии членови биле уапсени вчера во Грчец и Гази Баба. Собрани биле доволно докази дека се занимавале со недозволена трговија со дрога, при што се користело следење на комуникациите, тајно следење и снимање надвор од приватен имот. Наркобосовите на двете групи се во бегство.
Ова го изјави денеска на прес-конфренција шефицата на Основно јавно обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, која информираше за текот на операцијата.
Во село Грчец се извршени претреси на 26 локации, лишени се од слобода 13 лица, од кои за девет лица е определена мерка притвор, за три мерка куќен притвор и за едно лице мерки за претпазливост. Од оваа група пет лица се недостапни. Еден од привдените бил малолетник. Во Гази Баба извршени се претреси на девет места, осум лица се приведени и се наоѓаат во притвор, а по едно лице се трага. 
Рускоска наведе дека  од двете групи се одземени повеќе од 80.000 евра, повеќе од 300.000 денари и петстотини франци. Како што посочи, се уште не се спроведени вештачењата на одземените наркотични средства, па поради тоа не може да информира за точната количичина, но како што наведе, станува збор за над пет килограми марихуана и околу  околу 600-700 грама кокаин.
- Најголемиот дел од парите и од запленетата наркотична дрога се пронајдени при претресите во Гази Баба, додека многу малку е пронајдено и одземено во Грчец. Имаме сознанија дека акцијата во село Грчец е пробиена, истакна Рускоска.  Таа посочи дека двете групи ќе се водат во два одделни случаи бидејќи немаат докази дека дејствувале заедно. см/ац/

Остани поврзан