• понеделник, 23 декември 2024

Руската новинарка, претепана во Грозни, префрлена во болница во Москва

Руската новинарка, претепана во Грозни, префрлена во болница во Москва

Москва, 5 јули 2023 (МИА) - Руската новинарка Елена Милашина и адвокатот кои беа претепани во јужна Чеченија се префрлени во болница во Москва, изјави денеска поранешниот директор на затвореното московско радио.

Руската новинарка која работи за независниот весник „Нова газета“ била нападната набргу откако вчера со својот адвокат Александар Немов пристигнала во главниот град на Чеченија, Грозни од локалниот аеродром.

Милашина и Немов биле претепани со пиштол, а напаѓачите ја избричиле главата на новинарката и ја обоиле во зелена боја.

-Тие се префрлени во локална болница, каде било утврдено дека на Милаша и се скршени прстите и дека повремено губи свест, соопшти вчера организацијата за човекови права „Меморијал“.

Поранешниот директор на згаснатата радио станица „Ехо на Москва“ Алексеј Венедиктов, денеска на Телеграм напиша дека двајцата се префрлени во болница во Москва. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан