• понеделник, 23 декември 2024

Русија: Пет лица се излекуваа од коронавирусот

Русија: Пет лица се излекуваа од коронавирусот
Москва, 17 март 2020 (МИА) - Во Русија бројот на излекувани од коронавирусот се зголеми на пет лица, соопшти денеска Министерството за здравство во Москва. Меѓу излекуваните се двајца кинески државјани, двајца Руси и еден Италијанец. Според извештајот на работната група задолжена за борба против Ковид-19, во Русија се регистрирани 93 случаи на зараза. Повеќето пациенти имаат лесни симптоми на болеста, а досега се тестирани повеќе од 116.000 луѓе. гт/

Остани поврзан