• сабота, 06 декември 2025

Русија покани војници од 19 земји на парадата на победата на Црвениот плоштад

Русија покани војници од 19 земји на парадата на победата на Црвениот плоштад
Москва, 2 јуни 2020 (МИА) - Русија покани војници од 19 земји да учествуваат на парадата на победата на Црвениот плоштад во Москва, изјави денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој на прес-конференција истакна дека на парадите низ Русија, кои ќе се одржат на 24 јуни, ќе учествуваат 64 илјади луѓе, а само на манифестацијата на Црвениот плоштад ќе бидат 14.000 лица. Шојгу додаде дека на парадата во Москва ќе бидат презентирани 225 единици оружје, воена и специјална опрема, а ќе учествуваат и 75 авиони. - Посетителите ќе можат да видат над 20 нови модели на воена опрема, вклучувајќи ги и авионите СУ-57 и МиГ-31К, нагласи Шојгу. На парадите на победата во девет руски градови херои и 19 градови во кои се распоредени штабови на воените окрузи и флоти ќе бидат прикажани вкупно 1.850 единици опрема, а ќе летаат 511 авиони. гт/

Остани поврзан