• четврток, 19 декември 2024

Русија повика на враќање на дијалогот со ИОК

Русија повика на враќање на дијалогот со ИОК


Москва, 18 октомври 2024 (МИА) – Рускиот министер за спорт Михаил Дегтјарев, кој се очекува да го пополни испразнетото место на претседател на Рускиот олимписки комитет, повика на подобрување на односите и крај на полемиките со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК).
Дегтјарев зборуваше на состанок на највисоко ниво на претседатели на националните спортски федерации, на кој присуствуваше и рускиот претседател Владимир Путин, неколку денови по оставката на шефот на рускиот олимписки Комитет Станислав Поздњаков, наведувајќи ја потребата од промени со оглед на „геополитичките предизвици“ со кои се соочува рускиот спорт.
- Враќање на олимпиското движење во согласност со придонесите на рускиот и советскиот спорт, како и враќање на правата на нашите спортисти е политиката до која ќе се држиме“, порача Дегтјарев, цитиран од руските медиуми
„Постои подготвеност за дијалог, вклучувајќи, неофицијално, и со членовите на ИОК. Мора да одржуваме дијалог без меѓусебно навредување и стискање тупаници“, додаде тој.
ИОК, поради руската инвазија врз Украина, ѝ забрани на Русија да учествува на Олимписките и Параолимписките игри кои ова лето се одржаа во Париз, а право на настап добија само неколку спортисти кои учествуваа под неутрален статус. ег

ФОТО: Икс

 

Остани поврзан