• понеделник, 23 декември 2024

Русија објави прекин на огнот за неколку украински градови

Русија објави прекин на огнот за неколку украински градови
Москва, 7 март 2022 (МИА) – Русија вечерва објави дека утре ќе стапи во сила прекин на огнот во неколку украински градови поради евакуација на цивили преку хуманитарни коридори, јавија повеќе светски медиуми. Руската Федерација најави прекин на огнот од 10 часот (по московско време) на 8 март, „за евакуација на цивили од Киев и други градови“. Станува збор и за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина, пренесено од руските новински агенции. јт/

Остани поврзан