• сабота, 21 декември 2024

Румениге: УЕФА лошо ја заврши работата и затоа е укинувањето на суспензијата на Манчестер сити

Румениге: УЕФА лошо ја заврши работата и затоа е укинувањето на суспензијата на Манчестер сити
Минхен, 28 јули 2020 (МИА) - Претседателот на Баерн, Карл-Хајнц Румениге не се сложува со укинувањето на суспензијата на Манчестер сити на европската сцена. Претходно, „граѓаните“ беа суспендирани на две години и беа казнети со парична казна од 30 милиони евра за прекршување на финансискиот фер-плеј (ФФП). Сепак, Судот за арбитража во спортот (КАС) делумно ја прифати жалбата на англискиот клуб и ја откажа суспензијата, а исто така ја намали казната на 10 милиони. - Мислам дека донесената конечната одлука на КАС е резултат на лошо завршената работа на УЕФА. Тоа го слушнав од многумина. Сепак, им честитам на моите колеги од Манчестер сити. Мило за мојот пријател Гвардиола. Знам што значи учество во Лигата на шампионите за него, изјави Румениге. зс/

Остани поврзан