• петок, 27 декември 2024

Рома сака да се ослободи од Ренато Санчез

Рома сака да се ослободи од Ренато Санчез

Рим, 5 февруари 2024 (МИА) – Раководството на Рома работи на предвремено раскинување на закупот на играчот од средниот ред Ренато Санчез, пренесе „Туто Меркато“.

Португалскиот играч за врска беше доведен на Олимпико од ПСЖ, но не успеа да импресионира со својата игра.

Фудбалерот е трансфер цел на Бешикташ, откако преодниот рок во Турција е отворен до 9 февруари и турскиот клуб веќе започна преговори со ПСЖ.

Доколку се оди според планот, Санчез пред крајот на неделата би требало да отпатува за Турција каде ќе потпише договор со Бешикташ до крајот на сезоната. дс/јт/

Фото: Рома

Остани поврзан