Родено првото мајмунче „мандаринче“ во зоолошката градина во Випснејд
- Раѓањето на мајмунче од толку редок вид дава мала надеж дека лангурите ќе опстанат
Лондон, 18 февруари 2026 (МИА) - Франсин лангурот е мајмун од загрозен вид и се смета дека во дивината има околу две илјади такви единки. Раѓањето на мајмунче од толку редок вид дава мала надеж дека лангурите ќе опстанат. Родено на први февруари во зоолошката градина во Випснејд, со впечатливо, необично портокалово крзно.
Од мајка Нгујен и татко Ванг, мајмунчето „мандариче“ привлече големо внимание со неговиот несекојдневен изглед. Со потемнување на крзното тоа воодушевување наскоро ќе заврши.
„Ваквата убавина прв ја забележал воодушевен посетител кој веднаш ги информирал вработените во зоолошката градина. Мајмунчињата се раѓаат со оваа боја за родителите полесно да можат да ги забележат.
Според Аманда Робинсон, раководител на одделот за примати, задоволство е и огромна чест да се има вакво „посебно“ мајмунче во нивната зоолошка градина.
Франсин лангурите најчесто живеат во Кина и Виетнам, но луѓето илегално ги ловат поради месото. мв/ми/
Фото: МИА архива