Роберто Карлос: Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 дуели за Интер
- Еден од најпознатите леви бекови во историјата, Роберто Карлос, се сеќава на периодот на Интер, трансферот во Реал Мадрид и други моменти во кариерата во интервју за ФИФА на Инстаграм.
Милано, 22 април 2020 (МИА) - Еден од најпознатите леви бекови во историјата, Роберто Карлос, се сеќава на периодот на Интер, трансферот во Реал Мадрид и други моменти во кариерата во интервју за ФИФА на Инстаграм.
- Во Интер ми беше дозволено да играм како крило, дури и како напаѓач. Голем проблем беше што постигнав 7 гола на првите 7 натпревари. Потоа, ме пуштија како напаѓач и многу страдав. Разговарав со претседателот да му кажам дека не можам да играм таму затоа што доаѓаше Копа Америка и затоа морав да играм како бек. Интересно е што тој ден имав средба со претседателот на Реал Мадрид, Лоренцо Санс. За 10 минути завршив со Интер и потпишав со Реал Мадрид, рече бразилската легенда.
Тој признава дека како играч на Мадрид, неговиот омилен гол е против Барселона од директен слободен удар. Сепак, тој верува дека голот што му донел светска слава е оној против Франција.
Во врска со неговите најтешки противници, Карлос ги посочи Хоакин, Ето и Фиго. - Фиго беше многу опасен. Тој е најтешкиот противник што сум го сретнал, вели бекот. Бразилецот изрази и сочувство кон неговиот сонародник Нејмар. - Нејмар е генијалец. Тој е добар, среќен, почитуван, постигнува голови, добар е во ПСЖ ... Тој може да стане најдобриот фудбалер на светот во иднина, рече меѓудругото Роберто Карлос.View this post on InstagramMuitas felicidades meu garoto Deus te abençoe sempre @rivaldo
A post shared by Roberto Carlos 罗伯特卡洛斯 (@oficialrc3) on