• петок, 05 декември 2025

Ристески: Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод

Ристески: Комплетна реконструкција на улицата „Јане Сандански“, продолжуваат инфраструктурните проекти во Македонски Брод

Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Денеска заедно со мојот тим извршив увид во градежните активности кои се одвиваат на крак од улица „Јане Сандански“, се вели во соопшптението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјава од Жарко Ристески, кандидат за градоначалник на општина Македонски Брод, кое МИА го објавува интегрално.

Вршиме целосна реконструкција на оваа улица, односно реконструкција на коловозната лента, пешачките патеки, подземните инсталации, а исто така ќе вградиме хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Македонски Брод, во градското подрачје добива уште една безбедна улица.

Продолжуваме повторно заедно!

ВМРО-ДПМНЕ

Фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан