• петок, 20 декември 2024

Рибери се уште жали за „Златната топка“

Рибери се уште жали за „Златната топка“
Фиренца, 21 јуни 2020 (МИА) - Францускиот играч од средниот ред на Фиорентина, Франк Рибери, сè уште е разочаран што не ја доби „Златната топка“ во 2013 година. Тогаш Рибери стана шампион на Германија со Баерн (Минхен), го освои Купот и Суперкупот на земјата, како и Лигата на шампиони. Победник во 2013 година беше Кристијано Роналдо од Реал Мадрид, кој во моментов е во Јувентус, а втор беше Лионел Меси од Барселона. - Што повеќе можев да направам за да ја освојам „Златната топка“? Постигнав максимум во клубот и репрезентацијата. Беше тешко време за мене, но сепак останав човек на теренот и надвор од него, рече Рибери.

Тагови

Остани поврзан