• петок, 22 ноември 2024

Реџепи: Алтернатива нема да биде дел од влада која е против ЕУ и Косово

Реџепи: Алтернатива нема да биде дел од влада која е против ЕУ и Косово
Скопје, 11 ноември 2021 (МИА) - Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи потврди дека на денешната собраниска седница ќе гласа за недоверба на Владата на премиерот Зоран Заев, но нагласи дека неговата партија нема да се согласи да биде дел од владин кабинет кој би бил „против ЕУ и Косово“. - Нема да дозволиме да бидеме дел од никакви листи и влада која е против Европската Унија и против Косово, влада која е антиалбанска, односно нема да бидеме дел од влада која би се залагала против сите модерни вредности, изјави Реџепи пред почетокот на собраниската седница. Реџепи првично најави да ќе ја повлече поддршката на Иницијативата, затоа што на неа беа потпишани и пратениците на Левица. Сепак, по повлекувањето на потписите на пратениците на Левица од Иницијативата, Реџепи соопшти дека ќе ја поддржи. Во Собранието за денеска во 11 часот е закажана седницата на која ќе се гласа за доверба на Владата на премиерот Зоран Заев. сп/ац/

Остани поврзан