• понеделник, 23 декември 2024

Решени над 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби во Општина Гевгелија

Решени над 90 отсто од барањата за легализација на дивоградби во Општина Гевгелија
Гевгелија, 30 јуни 2022 (МИА) - До крајот на 2018 година во Одделението за урбанизам, архитектура, градежништво и животна средина во Гевгелија биле доставувани барања за утврдување на статус на бесправно изградени објекти при што биле примени вкупно 5.842 барања. Од вкупно примените барања по кои, според надлежните, се постапувало согласно Законот за бесправно изградени објекти, во изминатиот временски период, поточно до денеска, позитивно се решени 5.338 барања или 92 отсто од вкупно поднесените барања за легализирање на дивиградби. Гевгелиските урбанисти велат дека се уште во процедура на решавање се наоѓаат 504 барања, или околу осум отсто од вкупно поднесените. -На најголем дел од овие барања, за добивање позитивно решение, им недостасува геодетски елаборат, а дел од нив немаат потврда за платен комунален надоместок или друга неопходна документација, велат урбанистите од надлежното одделение. Законот за легализација на дивоградбите во земјава има важност до 3 март 2026 година. им/дма/

Остани поврзан