• недела, 22 декември 2024

Републикански сенатор побара заминување на Мич Меконел од Сенатот по епизодата на негово „замрзнување“

Републикански сенатор побара заминување на Мич Меконел од Сенатот по епизодата на негово „замрзнување“

Вашингтон, 27 јули 2023 (МИА) - Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот треба да замине откако неделава за време брифинг за новинарите му се случи јавна епизода на психолошка блокада, повикаа некои републикански сенатори.

Меконел, лидер на сенатското малцинство и сенатор од Кентаки останува „интелектуално бистар за цела низа прашања вклучувајќи го бејзболот“, неименуван сенатор кажа синоќа за Ен-би-си. Но „луѓето мислат дека тој не слуша добро. Мислам и дека тој едноставно не процесира“.

За време на прес-конференција во средата Меконел запре да говори среде реченица, стоеше неподвижно и гледаше во една точка 23 секунди, по што од колегите беше одведен настрана од новинарите. За волја на вистината тој подоцна се врати да го заврши брифингот, а за епизодата со запирањето на говорот одговори само „добро сум“.

Овој момент подигна загриженост за неговите ментални способности, откако беше хоспитализиран и лекуван од многубројни модринки и скршено ребро, откако во март се спрепна и падна, а после изваштаи за „повеќекратни“ слични падови годинава, вклучувајќи и пад во аеродромот „Реган“ овој месец, и подлизнување за време на снежен ден во Финска.

Се дознава дека Меконел страдал од болеста полио како дете, а тоа се одразило на неговата стамина и ’од.

Некои колеги го поддржуваат тој да остане во Сенатот колку што сака.

-Не знам колку сака да служи, но го поддржувам сè додека сака да остане на работа, изјави Џон Корнин сенатор од Тексас и негов можен наследник. кб/

Остани поврзан