• сабота, 23 ноември 2024

Рекорден број јапонски домаќинства добија помош за кирија

Рекорден број јапонски домаќинства добија помош за кирија
Токио, 15 октомври 2020 (МИА) - Рекордни 96.000 јапонски домаќинства добија државни субвенции од април до август за да можат да ја плаќаат наемнината во економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот. Бројката опфаќа пет месеци и е 2,6 пати повисока отколку во целата фискална 2010 година и глобалната финансиска криза, кога помош добија 37.151 домаќинство, јави „Кјодо њуз“, повикувајќи се на извештај на Министерството за здравство, труд и социјала. Програмата првично беше наменета за работници кои останаа без работа, а Владата ги олесни условите во април за да им помогне на другите луѓе со намалени приходи поради падот на економија во пандемијата. Едно домаќинство во Токио може да добие до 53.700 јени (510 долари) месечно, во период од три месеци, со можност тој период да се продолжи на девет месеци, јави Кјодо. Во август-мај, бројот на апликанти падна нагло, на 9.374, од 44.811 во мај, кога Владата започна да ја олеснува вонредната состојба што ја воведе за да ја заузда пандемијата, наредувајќи привремено затворање на голем број деловни активности. Економијата на Јапонија се намали од април до јуни, трет квартал по ред, за рекордни 28,1 процент, што е најмногу од 1980 година, сериозно погодена од пандемијата и од зголемувањето на стапката на данок на додадена вредност во октомври 2019 година. јави ДПА. паг/

Остани поврзан