• сабота, 23 ноември 2024

Рекорден број Американци ги напуштија своите работни места во 2021 година

Рекорден број Американци ги напуштија своите работни места во 2021 година
Вашингтон, 4 февруари 2022 (МИА) - Минатата година беше историска за американските работни места. Рекорден број на работници ги напуштија, додека работодавачите во САД имаа повеќе позиции за пополнување од кога било досега, јави Си-Ен-Ен. Во декември минатата година, 4.3 милиони Американци ја напуштиле работата, за нијанса помалку од рекордните 4.5 милиони во ноември, соопшти денеска Бирото за статистика на трудот. Додека милиони работници ја напуштија работата заради парични стимулации, подобра плата или подобри бенефиции, луѓе, исто така, го напуштија пазарот на трудот, со цел да се грижат за деца или постари роднини за време на пандемијата. Постари работници се пензионираа порано, поради можноста за такво нешто, но и бидејќи дискриминацијата врз основа на годините ги натера да се повлечат. Бројот на работници што дадоа оставка последниот месец, се намали во области на здравството и социјалната помош, исто како и во ресторани, хотели, градежништвото. Отказите се зголемија во секторот на производство на нетрајни производи. И покрај тоа што рекорден број лица си заминаа од работа лани, пазарот на трудот во САД сè уште забележа нето добивка од вработеност во износ на 6.4 милиони. Вкупно, 75.3 милиони работници се вработени минатата година, додека 68.9 милиони ја напуштиле работната позиција, не им биле продолжени договори или биле отпуштени. Од оваа бројка, 47.4 милиони доброволно си заминале од работното место. Бројот на лица кои не добиле продолжување на договорот бидејќи фирмата се реорганизирала или имала финансиски проблеми достигна ново рекордно ниско ниво од 1.2 милиони во декември, покажувајќи дека негативното влијание од варијантата омикрон, нецелосно го погоди пазарот на трудот на крајот од годината. Во декември имаше 10.9 милиони слободни работни места, додека податоците покажуваат дека во јули имало 11.1 милиони. бд/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан