• четврток, 22 август 2024

Реконструкција на патната мрежа во село Лешница

Реконструкција на патната мрежа во село Лешница

Кичево, 16 јуни 2021 (МИА) - Барањето што жителите на кичевското село Лешница го упатија до Општина Кичево дава резултат и деновиве почна целосна реконструкција на патната мрежа во ова село, која досега беше во исклучително лоша состојба, а во периоди на врнежи од дожд и снег низ селото беше отежнато движењето како пеш така и со автомобил.

Емин Емини, член на месната заедница во село Лешница истакна дека од пред една недела активно се работи на терен и најдоцна до крајот на месецов се очекува патната инфраструктура во селото да добие сосема нов посакувам лик. Тој вели дека селаните повеќе нема потреба да се движат по калливи  и расквасени патишта.

- Од пред неколку дена во нашето село со средства што ги обезбеди Општина Кичево се врши целосна реконструкција на патната инфраструктура.Најпрво овие патишта беа нивелирани а во тек е тампонирање кое ќе заврши до крајот на неделава и од следната седмица треба да очекуваме на оваа патна мрежа да биде поставен и нов слој на асфалт, што ќе придонесе локалните жители да имаат неспоредливо подобри услови за живот а, иградбата на патиштата во селоро ќе ја намали миграцијата и се очекува и тие што се претходно иселени да ги реновираат старите куќи или да изградат нови, рече Емини.

Тој додава дека со новата патна мрежа и Лешница ќе почне да наликува на современа урбана населба.за/фф/

Остани поврзан