• четврток, 19 декември 2024

Реконструкција на ООУ „Гоце Делчев“ во струмичкото село Вељуса

Реконструкција на ООУ „Гоце Делчев“ во струмичкото село Вељуса
Скопје, 23 август 2022 (МИА) - Во ООУ „Гоце Делчев“ во струмичкото село Вељуса во тек е реконструкција во која Министерството за образование и наука инвестира речиси 40 милиони денари. Предвидени се градежни зафати на покривната конструкција, фасадата, санитарните јазли и внатрешниот дел кои, како што информира МОН, ќе обезбедат квалитетен простор за учениците, поголема енергетска ефикасност и противпожарна заштита на објектот, како и изградба на пристапни рампи и посебен тоалет за лицата со попреченост. -Деновиве започна комплетна реконструкција на училишната зграда, за што МОН инвестира речиси 40 милиони денари и која, согласно договорот со изведувачот, треба да заврши пред стартот на второто полугодие од учебната 2022/2023 година, односно најдоцна до 20 јануари 2023 година. Со оваа инвестиција уште еднаш се потврдува заложбата на МОН за подеднаква посветеност кон сите ученици и наставници, преку вложувања во сите рурални и урбани средини во земјата. Младите заслужуваат квалитетна настава, а наставниците пристојни услови и мотивација за работа, соопшти МОН. хс/дма/

Остани поврзан