• вторник, 24 декември 2024

Реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје на Виница

Реконструкција на водоводната мрежа во централното градско подрачје на Виница
Виница, 16 март 2021 (МИА) - Општина Виница ја почна реконструкцијата на водоводната мрежа во централното градско подрачје, за што од сопствениот буџет инвестира околу 2,5 милиони денари. Градежните работи се реализираат на дел од кракот 3 на улицата „Кочо Рацин“, каде старите азбестни цевки се заменуваат со полиетиленски. - По комплетирањето на работите на оваа улица, реконструкцијата на водоводната мрежа ќе продолжи во јужниот дел на градското подрачје. Со проектот се опфатени и улиците „Ѓорче Петров“, „Пролетерска“, „Раде Кратовче“ и дел од „Плачковички одред“, при што ќе се заменат цевки со вкупна должина од 1,2 километри. Со ова очекуваме да се отстранат причините за честите дефекти и прекините во водоснабдувањето на жителите од овој дел на градот, истакна Ивица Димитров, градоначалник на Виница. Изведувач на градежните работи е компанијата „Коп инженеринг“ од Скопје која има рок од девет месеци да ја заврши реконструкцијата, а комплетирањето на проектот ќе значи замена на околу 98 отсто од вкупната водоводна мрежа во Виница. Паралелно со тоа, се изведуваат градежните работи од проектот за проширување на филтер станицата за вода за пиење и за поврзување на селото Лески кон градската водоводна мрежа, за што Општина Виница обезбеди близу 24,5 милиони денари. та/мд/

Остани поврзан