• понеделник, 23 декември 2024

Резултати од шестиот конкурс за краток расказ „Бибер“

Резултати од шестиот конкурс за краток расказ „Бибер“

Скопје, 14 ноември 2924

Жирито на шестиот регионален Конкурс за краток расказ „Бибер“, во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, избра 24 раскази кои ќе бидат вклучени во повеќејазичната збирка и донесе одлука за наградите. Еден расказ беше вклучен во збирката од страна на организациониот тим на конкурсот Бибер.

Избрани се следните раскази:

„Америка хито“ од авторот Симон Мариќ од Белград
„Цијанид“ од авторот Милош Перишиќ од Аранѓеловац
„Чевли“ од авторката Нивес Мадуниќ Баришиќ од Загреб
„Момчето што сакаше ѕвона“ од авторката Владимира Бециќ од Дуго Село
“Erzähle mir etwas über dich” од авторката Данијела Репман од Сомбор
„Фустан“ од авторката Маријана Чанак од Нови Жедник
„Како убити човјека“ од авторката Тена Лончаревиќ од Жупања
„Колекционер“ од авторката Ивана Дилбер од Томиславград
“Konia e zezë” од авторот Мехмет Елези од Тирана
„Конкурс“ од авторот Михаило Марковиќ од Цетиње
„Кора од смрека“ од авторката Марија Кртиниќ Вецков од Сторд, Норвешка
„Креденец“ од авторката Татјана Сикима од Белград
„Летото што го чекавме“ од авторката Јелена Вукотиќ од Ваљево
“Makthi” од авторот Јетон Муслиу од Приштина
“Matanë” од авторката Мевлуда Скуроши од Митровица
„Мештар“ од авторката Слободанка Ѓудерија од Округ Горњи
„Никогаш не реков тато“ од авторот Срѓан Миљевиќ од Белград
„Петровиќ“ од авторката Емина Ѓелиловиќ-Кевриќ од Витез
„Птици“ од авторката Ирена Скопљак Бариќ од Врбовец
„Распуст“ од авторката Милица Лукиќ од Белград
„Снегот“ од авторот Драган Симоновски од Скопје
„Тела од вода“ од авторката Моника Херцег од Загреб
„Треба нешто да направам со чевлите“ од авторката Марија Старчевиќ од Белград
„Универзално средство“ од авторката Тамара Ковачевиќ од Љубљана
„Стани да застанеш“ од авторката Бојана Савиќ од Нови Белград

Шестиот конкурс „Бибер“ беше отворен од 8.12.2023 г. до 26.5.2024 г. На конкурсот пристигнаа 490 раскази.

„Бибер“ е конкурс за краток, ангажиран расказ, на албански, македонски, босански, хрватски, српски и црногорски јазик. Темата на конкурсот е помирувањето, во контекст на наследството од војните и насилствoтo во земјите од поранешна Југославија, а доаѓаат предвид и раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон намалување на омразата и запирање на предрасудите, антивоени раскази, раскази кои се занимаваат со соочување со минатото, со разградување на сликата за непријателите, со сочувство кон другите, храбри раскази кои се осмелуваат да одат во „непријателски“ чевли, раскази кои ги туркаат границите и ни отвораат патишта за да градиме посигурна, побезбедна и послободна иднина за сите. Конкурсот го организира тимот на „Бибер“ на Центарот за ненасилна акција Сараево – Белград.

Повеќејазичната збирка раскази „Бибер 06“ ќе биде објавена до почетокот на март 2026 година.

Им се заблагодаруваме на сите учеснички и учесници на конкурсот за учеството, се заблагодаруваме на жирито за соработката, како и на тимот кој ја направи претселекцијата. Честитки на авторките и авторите чии раскази влегоа во потесниот избор.

Во продолжение го пренесуваме соопштението на жирито.

Тимот на Бибер

Соопштение на жирито

Жирито на шестиот регионален конкурс Бибер, во состав: Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар Трифуновиќ, донесе одлука да ги награди расказите:

1.Момчето што сакаше ѕвона од авторката Владимира Бециќ
2.Тела од вода од авторката Моника Херцег
3.Erzähle mir etwas über dich („Кажи ми нешто за себе“) од авторката Данијела Репман

Првонаградениот расказ, Момчето што сакаше ѕвона, остави најсилен впечаток со својот автентичен јазик, вештината на раскажување и водење на приказната и нејзините херои низ турбулентни воени времиња. Наратор на приказната е момче кое низ животот оди водено од прашања, а не од предубедувањата, со кои го затрупува светот на возрасните. Следејќи ги овие прашања, читателите ќе бидат вплеткани во цел спектар настани и емоции, кои вешто варираат од комични вињети кон трагичен епилог.

Второнаградениот расказ, Тела од вода, се издвои со кратко лирско раскажување и начинот на којшто се занимава со важна и, за жал, актуелна тема, која проникнува во нашето секојдневие – семејното насилство. Во остроумно кадрирана приказна, се сретнуваме со стравови и трауми на девојче кое расте со татко злоставувач и со мајка која нема доволно сила да се спротивстави на неговите изливи на гнев.

Третиот расказ, Erzähle mir etwas über dich („Кажи ми нешто за себе“), го привлече вниманието со композицијата и атмосферата во која пејзажите, луѓето и нивното секојдневие раскажуваат приказна за припаѓањето. Со малку носталгичен наративен тон, авторката ја споделува со нас свесноста за тоа колку е тешко да се пренесе сеќавањето за изгубениот свет на некој друг.

Жирито особено би ги пофалило и расказите Америка хито од Симон Мариќ, Стани да застанеш од Бојана Савиќ, Фустан од Маријана Чанак, Кора од смрека од Марија Кртиниќ Вецков, Мештар од Слободанка Ѓудерија. Во збирката се наоѓаат и расказите Летото што го чекавме од Јелена Вукотиќ, Птици од Ирена Скопљак Бариќ, Цијанид од Милош Перишиќ, Чевли од Нивес Мадуниќ Баришиќ, Треба нешто да направам со чевлите од Марија Старчевиќ, Колекционер од Ивана Дилбер, Конкурс од Михаило Марковиќ, Креденец од Татјана Сикима, Никогаш не реков тато од Срѓан Миљевиќ, Петровиќ од Емина Ѓелиловиќ-Кевриќ, Распуст од Милица Лукиќ, Универзално средство, од Тамара Ковачевиќ, Снегот од Драган Симоновски, Од друга страна од Мевлуд Скуроши, Кошмар од Јетон Муслиу, Црно кученце од Мехмет Елези.

Како општ впечаток од читањето, жирито ја истакнува умешноста на авторките и авторите на убедлив начин да ја варираат темата на помирувањето, да ја разградат сликата за „непријателот“ и антивоената перспектива да ја постават на литературно релевантен начин.

Алмин Каплан, Јасна Димитријевиќ и Тања Ступар

 

Центар за ненасилна акција Сараево/Белград

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан