• петок, 22 ноември 2024

Регистрирани 34 случаи на КОВИД-19, пријавени се три починати лица

Регистрирани 34 случаи на КОВИД-19, пријавени се три починати лица
Скопје, 9 септември 2022 (МИА) - Во последните 24 часа направени се 223 тестови, а регистрирани се 34 случаи на КОВИД-19, од кои осум се реинфекции. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица во период од 10 до 29 август. Оздравени се 264 пациенти, а активни се вкупно 1032 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.
Од новите случаи, 26 се регистрирани во Скопје, Битола и Прилеп по двајца, Куманово, Охрид, Неготино и Свети Николе по еден.
Оздравени се 264 пациенти од Скопје – 71, Охрид – 46, Делчево – 29, Куманово – 19, Битола – 10, Кавадарци и Струга – по 8, Кочани – 7, Прилеп, Тетово и Велес - по 6, Струмица, Крива Паланка и Пехчево - по 5, Берово, Валандово, Виница и Кратово  – по  4, Дебар – 3, Штип, Гевгелија и Македонски Брод – по 2, Неготино, Свети Николе, Гостивар, Кичево, Пробиштип, Богданци, Македонска Каменица и Дојран   – по 1.
Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, регистрирани се три починати лица од Скопје, Крушево и Дебар, на возраст од 79-89 години. Од нив две лица се починати во болнички услови а едно лице во домашни услови. Пријавените се починати во период од 10 до 29 август оваа година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.156.878 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.404, бројот на оздравени пациенти е 330.866, на починати е 9.506. ки/дма/

Остани поврзан