• среда, 25 декември 2024

Регионална трибина во Кочани за јакнење на граѓанскиот активизам

Регионална трибина во Кочани за јакнење на граѓанскиот активизам
Кочани, 20 септември 2022 (МИА) – Здружението Центар за современи уметности од Скопје организираше регионална трибина во Кочани чија тема беше граѓанскиот активизам и негово унапредување во локалните средини во државата. Пред граѓанските активисти и претставници на невладини организации од кочанскиот регион беше нагласено дека основната замисла е примена на современи форми на активизам, зајакнување на меѓусебната соработка на здруженијата и координирано организирање заеднички граѓански акции што ќе имаат поширок јавен интерес. – Нашата цел е да видиме во кој правец се движи граѓанскиот активизам во државата и како поуспешно да го развиваме. Идејата е да се разговара за тоа што се случува на полето на активизмот во локалните средини, како да се усогласи со останатите граѓански активисти од другите региони за да се постигне поголем успех во делувањето. Сакаме да постигнеме значителни промени во дејствувањето и да помогнеме за решавање на проблемите на граѓаните преку активистички пат, истакна Никола Писарев од Центарот за современи уметности – Скопје. Слични граѓански трибини досега се организирани во Велес и Штип, а караванот продолжува со регионални средби во Струмица, Скопје и во градови од западниот дел од државата. Организатор на настанот во Кочани беше граѓанската иницијатива „За чист воздух“, а од Центарот за современи уметности истакнаа дека по завршувањето на регионалните трибини ќе формира меѓурегионална група за соработка што ќе го координиа заедничкото дејствување на различните граѓански здруженија. та/мд/

Остани поврзан