• петок, 22 ноември 2024

Регионална кампања „Благосостојба за Западен Балкан“

Регионална кампања „Благосостојба за Западен Балкан“
Скопје, 9 ноември 2020 (МИА) - Регионалната кампања на локалните невладини организации со наслов „Благосостојба за Западен Балкан“ започна во ноември 2020 и ќе трае до април 2021 год, а нејзината цел е придонесување за развој и промоција на социјалната кохезија, солидарност и благосостојба на локалните заедници во регионот на Западен Балкан. Камапањата е дел од повеќегодишниот проект „Прво заедниците: создавање на центар на граѓански организации за превенција и спротивставување на насилниот екстремизам – од превенција до реинтеграција“. Проектот е имплементиран од НВО Форум МНЕ (Црна Гора) во партнерство со Центар за правни граѓански иницијативи (Албанија), организацијата Надеж и домови за децата (Босна и Херцеговина), Партнери на Косово - Центар за управување со конфликти (Косово), Центар за заедничка основа (Северна Македонија) и Културен Центар ДамаД (Србија). Проектот е спроведуван со финансиска поддршка од Европската Унија и Министерството за јавна администрација на Црна Гора. Кампањата ќе трае до 2021 и една од нејзините најважни цели е да придонесе за спречување на насилниот ектремизам во регионот на Западен Балкан. Кампањата ќе се спроведува преку социјалните мрежи, но истотака и преку традиционалните медиуми. см/сп/

Остани поврзан