Регионален проект „Обезбедување квалитет на работата на координаторите за врски со компаниите“
- Во организација на Центарот за стручно образование и обука, Регионалната канцеларија за соработка на Австриската агенција за образование и интернационализација (ОАД) и Волонтерскиот центар Ск
Скопје, 16 мај 2022 (МИА) - Во организација на Центарот за стручно образование и обука, Регионалната канцеларија за соработка на Австриската агенција за образование и интернационализација (ОАД) и Волонтерскиот центар Скопје, денеска во Скопје ќе биде презентиран регионалниот проект „Обезбедување квалитет на работата на координаторите за врски со компаниите“.
Регионалниот проект се надоврзува на резултатите од претходниот регионален проект „Училиштата се среќаваат со компаниите", а целта е да се поддржи квалитетот и релевантноста на пазарот на трудот на стручното образование и обука преку зајакнување на учењето преку работа.
На настанот ќе говорат заменикот министер за образование и наука Лулзим Алиу, амбасадорот на Австрија во земјава Георг Вуцас, директорот на Центарот за стручно образование и обука, Шериф Мифтари и раководителот на одделение на Канцеларијата за меѓународна соработка и настава по странски јазик, Моника Мот. вг/сп/