• среда, 03 јули 2024

Реал Мадрид продолжува да кружи околу Алфонсо Дејвис

Реал Мадрид продолжува да кружи околу Алфонсо Дејвис

Мадрид, 6 јуни 2024 (МИА) - Претставници на Реал Мадрид повторно стапиле во контакт со луѓе од опкружувањето на Алфонсо Дејвис, тврди „Билд“. Кралскиот клуб долго време го следи дефанзивецот на Баерн Минхен и сака да го привлече во својот тим.

Баварците се децидни на својот став и нема да го продадат Дејвис за помалку од 50 милиони евра. Сепак, Реал не е подготвен да извади слична сума за канадскиот интернационалец и претпочита да чека една година за да го земе како слободен играч.

Во последната сезона Алфонсо Дејвис забележа 42 настапи во сите натпреварувања и постигна 3 гола. Еден од нив беше против Реал Мадрид во полуфиналето на Лигата на шампионите.

Баерн му нуди на левиот бек годишна плата од 14 милиони евра, но во оваа фаза тој одбива повторно да потпише. дс

Фото: Архива

Остани поврзан