• среда, 08 мај 2024

Реал Мадрид демантира преговори со Мбапе

Реал Мадрид демантира преговори со Мбапе

 

Мадрид, 5 ноември 2023 (МИА) – Шпанскиот фудбалски прволигаш Реал Мадрид негираше дека води преговори да го донесе во своите редови напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе.

Реал долго време беше заинтересиран за 24-годишниот француски репрезентативец, но Мбапе во минатото ја одби понудата од мадридскиот клуб.

И покрај тоа, во дел од шпанските медиуми во последно време се појавуваат информации дека Mбапе би можел да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ кога ќе му истече договорот со актуелниот француски првак.

„Реал Мадрид сака да соопшти дека овие наводи се целосно невистините и оти немало преговори со фудбалерот кој припаѓа на ПСЖ“, соопшти Кралскиот клуб. ег/
ФОТО: Икс

Остани поврзан