• петок, 12 декември 2025

Реал Мадрид веќе има замена за Алонсо

Реал Мадрид веќе има замена за Алонсо

Мадрид, 12.декември 2025 (МИА) – Новиот пораз за „кралскиот клуб“ од Манчестер Сити со 1:2 на домашен терен во Лигата на шампионите ги подгреа најавите за промена на тренерот Чаби Алонсо. Прво најава за промена имаше по поразот во Ла Лига од Селта со 0:2.

Последните вести од Реал Мадрид се дека Алонсо ќе има уште една шанса – но мора да го победи Алавеш, а дел од медиумите сметаат дека следниот месец (јануари ќе биде важен за Алонсо). Условот е клубот да го освои пехарот во Супер купот.

Но, евентуален неуспех следното коло со Алавеш, може да донесе и промена на клупата.

Замената е најдена, а не е како што беше најавувано Зинедин Зидан, туку постои можност екипата да ја преземе Алваро Арбелоа.

Сепак кога станува збор за Реал Мадрид ништо не може да се предвидува особено ако клубот е во серија на неповолни резултати. мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан