• петок, 05 декември 2025

Реал Мадрид без клучен играч од одбраната околу три месеци

Реал Мадрид без клучен играч од одбраната околу три месеци

Мадрид, 12.септември 2025 (МИА) – Тренерот на Реал Мадрид Чаби Алонсо се соочува со проблем. Играчот од одбраната Германецот Антонио Рудигер во следните три месеци ќе биде надвор од теренот. 

Играчот од одбараната на повреда се пожали на почетокот на денешниот тренинг, а по прегледите утврдена е повреда на мускул на левата нога, 

Ова е сериозен проблем за тренерот на Алонсо, особено што се очекуваше Рудигер да биде еден од клучните играчи во одбраната. Прогнозите се дека тој ќе пропушти 17 натпревари. 

Реал Мадрид утре игра натпревар од Ла Лига на гости против Реал Сосиедад.  мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан