• среда, 07 август 2024

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференција на Богданка Кузеска

Реакција од ВМРО - ДПМНЕ на прес-конференција на Богданка Кузеска

Скопје, 6 август 2024

 

Кузеска и СДС да внимаваат што зборуваат на прес конференции, да не треба после пак да се извинуваат, кој ќе им го гледа срамот.

Дали некој во СДС проверува што ќе каже Кузеска или чита што и дојде под рака?

За разлика од времето на СДС кога немаше одговорност, сега во време на ВМРО-ДПМНЕ има експресна акција од институциите и никој не е поштеден. Одговорност има за секој кој се огрешил пред законот.

Ја разбираме нервозата во СДС затоа што слични инциденти имало и во минатото кога тие биле власт, но тогаш се заташкувале и се молчело, за разлика од сега, кога им акција и одговорност за секого. Има разлика. Државата е управувана од луѓе кои работат за подобра иднина на народот, за разлика од СДС и ДУИ кои работеа за себе.

 

Со почит, 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: МИА архива

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан