• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Реакција на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Скопје, 19 септември 2022 Фатени со „рацете во медот“ од ВМРО-ДПМНЕ манипулираат, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски никогаш не бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Фатени со рацете во медот ВМРО-ДПМНЕ за да го прикрие својот срам и криминал, злоупотребува здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години. Во надеж дека ќе ја сменат темата во јавноста за нивниот криминал и корупција тежок 136 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ само го потврди криминалот во сопствените редови. Единствен воен дезертер на политичката сцена е пуленот на Христијан Мицкоски, Драган Ковачки, кој ја напушти Армијата за да му служи. Тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, секогаш кога ќе бидат фатени со „рацете во медот“ по секоја цена конструираат случаи, измислуваат непостоечки скандали со кои сакаат да ја дефокусираат јавноста. Нема дефокус од криминалите во ВМРО-ДПМНЕ, нема.   Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан