• понеделник, 20 мај 2024

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

Реакција на СДСМ на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски
Скопје, 30 јуни 2022 За вакво исклучително важно прашање, од највисок државен и национален интерес,  Христијан Мицкоски  покажува дека нема државнички капацитет ниту основно чувство за државност. Оттука, СДСМ нема да навлегува во сите изнесени невистини и неодоговорно пласирани небулози од страна на Мицкоски. Сите лажни тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ потонаа. Се покажа дека Владата и премиерот Димитар Ковачевски доследно се држеа до државните позиции во однос на преговорите со Бугарија во секој поглед и го штитат националниот интерес и македонскиот национален идентитет. Ветивме дека ќе се избориме да ги задржиме клучните црвени линии кои со месеци ги повторуваме. Целосно го исполнуваме ветеното. Во модифицираниот предлогот имаме чист Македонски јазик и историски прашања надвор од рамката. Ветивме дека ќе има широк консултативен процес тогаш кога ќе имаме предлог кој е вреден за таква дебата. Сега е тоа време и како што ветивме го започнуваме.Секако дека уште утре ќе бидат изнесени детали за предлогот кој е доставен денеска. Владата водеше мудра дипломатија, а кога дојде време транспарентно излегува во јавноста.  Сето ова е резултат на добрата стратегија и позиции кои јасно ги постави премиерот Ковачевски. Во консултациите треба да бидеме уште помудри, да го заокружиме овој процес кој е од исклучително значење за иднината на државата и идните генерации. СДСМ ги повикува сите општествени чинители, сите политички партии, да се вклучат во консултациите и заедно да ја донесеме одлуката. СДСМ - Центар за комуникации со јавноста ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Тагови

Остани поврзан