• петок, 22 ноември 2024

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Реакција на СДСМ на изнесени ставови на Христијан Мицкоски
Скопје, 17 октомври 2022 Медарот Христијан Мицкоски потврди дека нема врска од енергетика, впрочем како најслаб директор на ЕЛЕМ тоа граѓаните и многи добро го знаат. За време кога Мицкоски беше советник на Груевски а потоа и директор на ЕСМ, без никаква криза струјата поскапе за 100%. Исто така ниту една електрана, ниту еден стратешки објект за производство на струја во земјава не е изграен додека Мицкоски беше советник и директор на ЕЛЕМ. Ама затоа Мицкоски си игради хидроцентрали за себе, за да ги полни своите џебови, а за граѓаните не направи ништо. За разлика од криминалното време на ВМРО-ДПМНЕ, во последните години ЕСМ изгради фотонапонска електрана во Осломеј од 10MW и ja интегрира гасната електрана Когел од 30MW. Значи ЕСМ за три години стави дополнителни 40MW  во системот. Во моментов се градат уште електрани, и сончеви, се шири ветерниот парк, и во постапка е Чебрен. Овозможивме со законот за енергетика да се градат приватни електрани од обновливи извори, тоа е исто така домашна струја во системот. Државата субвенционира 80% од сметките за струја за граѓаните и 72.000 фирми, Ковачевски ги покачи пензиите за сите 330.000 пензионери, ја зголеми минималната плата, реализира антикризен пакет вреден 700 милиони евра за помош на граѓаните и фирмите во време на криза. Мицкоски може да учи од Ковачевски што значи одговорно работење во енергетиката и што е вистинска грижа за граѓаните во услови на глобална енергетска криза. Рацете во медот, тендери и провизии, Мицкоски само за тоа се интересира, затоа и ништо не направил во сферата на енергетиката, ниту за граѓаните.   Центар за комуникации на СДСМ ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки  

Остани поврзан