• понеделник, 23 декември 2024

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски
Скопје, 28 јуни 2020 Љупчо Николовски ветува работи кои имаше три години да ги направи. Но, тој како и за многу други работи на граѓаните и нивните потреби се сеќава само пред избори и мисли дека со некое видео порака ќе ќари некој ситен политички поен. Тоа кај граѓаните не поминува, бидејќи граѓаните знаат дека тоа што Љупчо Николовски го ветува, големи се шансите никогаш да не се реализира. Такви му се ветувањата од 2016-та година дека секое семејство ќе има најмалку 1000 евра плата, дека ќе има целосна гасификација, дека ќе изградат 600 километри нов автопат, дека ќе нема пазарење со правдата и слично. Проблемот на Љупчо Николовски и на СДСМ е тоа што за нив неработен ден не е само недела, туку сите денови. Тие се класични неодговорни неработници и затоа ним не им менува дали недела ќе биде работен или неработен ден. Добро би било да ветат на граѓаните дека барем еден ден ќе биде работен за функционерите на СДСМ. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан