• петок, 22 ноември 2024

РБ Лајпциг изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите

РБ Лајпциг изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите
Лисабон, 13 август 2020 (МИА) - Екипата на РБ Лајпциг е изненадувачки полуфиналист во Лигата на шампионите, откако ги совлада Атлетико Мадрид во второто четвртфинале од Лигата на шампионите, што се играше на стадионот „Хозе Алвалад“ во Лисабон. Германскиот тим победи со 2:1 против својот далеку поискусен противник на турнирот и ќе спори за место во финалето со Пари Сен Жермен. Првиот гол за екипата од Лајпциг го постигна Дани Олмо со глава во 51. минута. Во 71. минута, Жоао Феликс изедначи од пенал и им даде надеж на „јорганџиите“ за пресврт. Се заврши за тимот на Диего Симеоне на две минути пред крајот на редовното време, кога германскиот тим поведе преку Тајлер Адамс и со тоа го постави конечниот резултат.

Тагови

Остани поврзан