Расчистени шест тешки кражби во Битолско, приведени четири лица, украденото вратено на сопственикот
- Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера ги привеле Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од селото Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“.
Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола вчера ги привеле Б.Б.(50), Г.П.(40), Т.И.(48) и Р.О.(34), сите од селото Могила, поради сомнение дека извршиле шест кривични дела „тешка кражба“.
Како што известува денеска МВР, при претреси во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во земјоделски комбинат во село Радобор, општина Могила, а пронајденото било вратено на сопственикот.
Лицата биле задржани во Полициската станица Битола, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. љм/са/
Фото: МИА архива