• понеделник, 25 ноември 2024

Рама: Албанија осма во Европа и 19. во светот во однос на развојот на технолошките системи

Рама: Албанија осма во Европа и 19. во светот во однос на развојот на технолошките системи
Тирана, 16 октомври 2022 (МИА) - Албанскиот премиерот Еди Рама за време на вчерашниот говор на Конгресот на Партијата на европските социјалисти и демократи објави дека Албанија е на осмото место во Европа и 19. во светот во однос на развојот на технолошките системи. Ова го соопшти врз основа на податоците за дигитален развој на Обединетите нации. Рама попладнево на Фејсбук ги објави графиконите кои според него ја покажуваат дигиталната револуција. -                                 Многу добра вест. Овие графикони се преземени од Извештајот на Обединетите нации за дигитален развој на земјите членки. Албанија е рангирана на осмо место во Европа и 19 во светот за онлајн јавни услуги, многу добра вест што треба да ја пренесат каналите и порталите кои секојдневно оцрнуваат со валкани полувистини, лаги, обвинувања, навреди, секакви баналности, напиша Рама.                                   Но, додава, уште многу позначајно е тоа дека Албанија на шалтери со решетки, гужви во редици за да се добие парче хартија, бакшиш за секоја услуга на шалтер, припаѓа на минатото. Премиерот вели дека неговата земја има многу работа во борбата против корупцијата, но во 1225 јавни сервиси кои се веќе онлајн, корупцијата исчезнала. - Има уште многу да се направи против корупцијата и да се зајакне администрацијата, но во 1225 јавни служби (95% од сите услуги) кои сега се онлајн нашата земја ја искорени корупцијата, искачувајќи се на позиции кои до пред неколку години не можеше ниту да се замислат, од дното на бунарот каде што го започнавме патот на дигиталната револуција, наведува тој. Според него кибер-нападите, со кои беше соочена земјата, не успеале токму затоа што владата инвестирала правилно, "правејќи многу со помалку и оти земјата е рангирана меѓу најразвиените земји за онлајн јавни услуги". вт/ссм/

Остани поврзан