• петок, 05 декември 2025

Ракометниот талент од Неготино во дресот на Еурофарм Пелистер 2

Ракометниот талент од Неготино во дресот на Еурофарм Пелистер 2

Битола, 12.јули 2025 (МИА) - Новиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 активо работи на засилувањата за новата сезона. Ново име е 15-годишниот Илија Илијевски, еден од најголемите таленти на македонскиот ракомет. Тој во Битола доаѓа од матичниот клуб Вардар Неготино. 

Младиот ракометар потпиша договор на четири години, а со тоа клубот од Битола ја продолжува стратегијата за млади македонски ракометари да го сочинуваат костурот на клубот. 

Илиевски е висок 202 сантиметри и игра на десната бековска позиција.   мн/

Фото: Фејсбук Еурофарм Пелистер

Остани поврзан