• четврток, 27 јуни 2024

Ракометарите на Еурофарм Пелистер елиминирани од Нексе во Лига Европа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер елиминирани од Нексе во Лига Европа
Битола, 5 април 2022 (МИА) - Хрватскиот вицешампион Нексе од Нашице ја спушти рампата на РК Еурофарм Пелистер во европската ракометна лига откако вечерва во Битола повторно победи, овој пат со 22:21. Македонскиот претставник во ЕХФ ракометната Лига на Европа „изгоре“ во желбата за победа и пласман во следното елиминациско коло, но како во првиот натпревар, така и вечерва Еурофарм Пелистер беше послаб противник од Нексе. Гостите од Нашице во најголем дел од натпреварот беа во водство, доминираа на теренот, тактички подобро играа, го неутрализираа домашниот напад и во таква ситуација на објективната пет илјадна публика не и преостана ништо освен на крајот од средбата со долготраен аплауз да го поздрави во моментов подобриот тим – Нексе. На вечерашната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе посебно се истакнаа гостинскиот голман Радовановиќ, како и бековите Јагањац, Милиќ и Томич, додека во домашниот тим нити еден ракометар не се истакна за успех на натпреварот.мт/свс/

Остани поврзан