• петок, 22 ноември 2024

Раимондо: САД и ЕУ постигнаа договор околу царините за челик и алуминиум

Раимондо: САД и ЕУ постигнаа договор околу царините за челик и алуминиум
Рим, 31 октомври 2021 (МИА) - САД и ЕУ постигнаа договор за решавање на нивниот дипломатски спор од времето на Доналд Трамп околу царините за челик и алуминиум. Владата на поранешниот американски претседател воведе царини за увоз на челик и алуминиум од ЕУ, тврдејќи дека странските производи произведени од сојузниците на САД се закана за националната безбедност. Тоа доведе до реципрочни царини од европските земји за мотоцикли произведени во САД, бурбон, путер од кикирики и фармерки, меѓу другите стоки. За постигнувањето на Договорот објавија советникот за национална безбедност Џејк Саливан, постојаната трговска претставничка на САД Кетрин Тај и министерката за трговија Џина Раимондо. Тие рекоа дека тарифите нема да бидат целосно укинати, но дел од европскиот челик и алуминиум ќе бидат увезени во САД без царина. „Успеавме да постигнеме договор со кој ЕУ ќе ги укине своите реципрочни тарифи“, рече Раимондо. Таа додаде дека Договорот ќе гарантира дека „целиот челик увезен во САД од Европа е целосно произведен во Европа“. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан