• понеделник, 23 декември 2024

Раиконен ќе изедначи уникатен рекорд на денешната трка

Раиконен ќе изедначи уникатен рекорд на денешната трка
Сочи, 27 септември 2020 (МИА) - Возачот на Алфа Ромео, Кими Раиконен, ќе забележи уникатно достигнување на денешниот старт за Големата награда на Русија во Сочи. Трката ќе биде под број 322 за него во Формула 1, со која тој ќе го изедначи рекордот за најмногу стартови во најпопуларното автомобилско натпреварување. Тековниот рекорд за најмногу учества на Ф1 го постави Рубенс Баричело во 2011 година. Трет во ова рангирање е Фернандо Алонсо со 311 старт, кој ќе се врати во Формула 1 следната година со тимот на Рено. Четвртата позиција ја делат Михаел Шумахер и Џенсон Батон со по 306 трки. - Никогаш не сум следел никакви бројки. Не ми е гајле дали е 20 или 20.000. За мене не е важно. Сакам да возам, и кога тоа повеќе не ми дава задоволство, ќе застанам. Големата слика е многу поважна за мене. Семејството е пред сè, децата растат. Оваа година поминав повеќе време дома, што беше одлично и можеби тоа ќе ме натера да одлучам дали ќе продолжам да се натпреварувам. Ќе дојде време кога ќе сакам да бидам дома и да правам други работи. Но, сè уште не сме стигнале таму, рече Кими Раиконен. Легендарниот Финец ќе стартува од последната 20-та позиција на денешната трка во Русија. Досега во текот на кампањата, Кими Раиконен има 2 бода, кои дојдоа на последната трка на „Муџело“, кога возачот на Алфа Ромео заврши на 9-тото место.

Тагови

Остани поврзан