• недела, 22 декември 2024

Разрешен в.д. директорот на ЈП „Комунална Хигиена“- Скопје

Разрешен в.д. директорот на ЈП „Комунална Хигиена“- Скопје
Скопје, 6 јули 2022 

Директорот Зуди Енузи е разрешен од позицијата вршител на должност на јавното претпријатие Комунална Хигиена.

Градот Скопје како град на соживот и солидарност не смее да биде центар на насилство и пресметки со огнено оружје и креирање меѓуетнички тензии меѓу нашите сограѓани. Политиката зема замав и во ниту еден случај не смее да влијае на професионалноста на водењето на институциите.

И покрај одличното и професионално менаџирање со јавното претпријатие Комунална Хигиена од страна на Зуди Енузи, сепак мојот етички кодекс не дозволува тој да продолжи да раководи со претпријатието. Затоа истиот е разрешен од позицијата вршител на должност.

Кабинет на градоначалничката на Град Скопје ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан