• петок, 22 ноември 2024

Разрешен британскиот министер за финансии (ДПЛ)

Разрешен британскиот министер за финансии (ДПЛ)
Лондон, 14 октомври 2022 (МИА) - Британскиот министер за финансии Квази Квартенг е разрешен, јави Би-би-си. Претходно тој предвреме замина од состаноците на Светската банка и Меѓународен монетарен фонд. Квартенг е британски министер за финансии со најкраток мандат од 1970 година. Неговиот наследник ќе биде четврти британски министер за финансии откако земјата се најде во енергетска и инфлаторна криза. Заедно со Квартег, функциите ќе ги загубат и неговите заменици. Според новинар на „Тајмс“ нов министер за финансии ќе биде Џереми Хант. Се очекува во следните неколку часа премиерката Лиз Трас да ги објасни причините за смената на Квартенг. бд/

Остани поврзан